NATI00NS Настан за национален ангажман во Северна Македонија: Здрава почва + зелени бизниси = инвестиции во нашата иднина

NATI00NS Настан за национален ангажман во Северна Македонија: Здрава почва + зелени бизниси = инвестиции во нашата иднина
  • Датум и место: 15-ти мај 2023, 9:30ч

  • Europe House Скопје (хибриден настан)

NATI00NS е европски проект финансиран во рамките на програмата HORIZON, координиран од Универзитетот Архус од Данска. Главната цел на NATI00NS е да допре и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и да имплементираат т.н Живи лаборатории (Living Labs), придонесувајќи за мисијата на ЕУ „Договор за почвата за Европа“.

Преку 9 годишната имплементација на натпреварот „Зелени идеи“ АРНО стана чинител кој е препознаен по промоцијата на зелена социјална економија. Низ годините, македонските граѓани аплицираат со зелени бизнис идеи за одржливи земјоделски практики, производство на храна, кои во голема мера се потпираат на здрави почви, и искористување на други видови земјишта. Партнерството помеѓу АРНО и Земјоделскиот институт-Скопје се заснова на заеднички заложби за промовирање одржливи зелени бизниси, заложби за важноста на здрави почви и заложби за едуцирање на граѓаните, особено младите. Земјоделскиот институт-Скопје е водечка истражувачка институција (една од една од најстарите научно-истражувачки организации од областа на земјоделството во нашата земја) со богато знаење и експертиза за здравјето на почвата и одржливите земјоделски практики. Партнерството со Земјоделски институт e важно за пораката на настанот, која е градење на екосистеми, од долу нагоре. 

За кого е наменет настанот? 

За носители на зелени  социјални бизнис идеи, истражувачи, земјоделци, претставници на професионални здруженија, локални заедници, студенти, граѓани, граѓански организации, владини претставници и други заинтересирани страни.

Која е содржината на настанот? 

Во првиот дел од настанот планирани се поздравни обраќања со заложби на темата и акцент на европската димензија на ова прашање. Понатаму, гостите-експерти од BioSense (Србија), преку структурирани презентации ќе дадат објаснувања за проектот и насоки за концептот и критериумите за „живите лаборатории и светилници“. Дополнително, настанот ќе биде збогатен со панел дискусија во која ќе учествуваат еминентни професори, носители на зелени бизнис идеи и експерти за одржливи бизниси, кои пред присутните ќе разговараат за  проблемите, но и за потенцијалите на македонската почва. Во завршнито дел предвиден е коктел со можност за неформално вмрежување. 

анкета за повратни информации

Matchmaking Platform

 

Агенда                                                       

Време Активност/Говорник Тема
09:00 - 09:30 Регистрација  
09:30 - 09:50 
  • Трајан Димковски - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.С.Македонија
  • Марија Гошевска Ковачевиќ - Земјоделски институт
  • Ирина Јаневска - „АРНО“
Поздравни говори
09:50 - 11:15
  • Институт Биосенс (Србија)
  • Прашања и одговори со учесниците
Мисијата на NATI00NS
11:15 - 11:45
  • Кафе-пауза
 
11:45 - 12:15
  • Ирина Јаневска - „АРНО“
  • Лидија Ангелкова - Foundation for Sustainable Economic Development – PREDA Plus
Можности за поддршка
12:15 - 13:45
  • Душко Мукаетов - Земјоделски институт
  • Робертина Брајановска - Македонско еколошко друштво
  • Дејан Стојановиќ -  Здружение на граѓани за социјален и економски развој „ИН ВИВО„
  • Кирил Сотировски - Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
  • Димитар Самарџиев - Здружение на граѓани „Зелената Арка“/Бостание
Панел- дискусија
„Македонска почва- предизвици и потенцијали“
13:45 - 14:30 Коктел и вмрежување  

 


>    Известување за ООЗП за ракување со податоците за истражување: Сопственикот на податоците треба да ја изврши оваа постапка.

National event
-
Europe House Скопје (хибриден настан)

Organisers

Biosense Institute
Agricultural Institute-Skopje
ARNO