Проект NATI00NS - Европска мисија за спроведување на договорот за унапредување на здравјето на почвата и можности за финансирање

Nee Macedonia

Деградацијата на почвата, главно поради прекумерните и несоодветни човекови активности и индустриските процеси, влијаат на нејзиното здравје и квалитет преку физичко оштетување и внесувањето на загадувачи. Како резултат, овие процеси го нарушуваат капацитетот на почвите да обезбедат низа екосистемски услуги, со сериозни економски, еколошки и општествени последици. 

анкета за повратни информации

Европската Унија во 2021 год. ја започна амбициозната мисија „Договор за почвата за Европа“  која има за цел до 2030 год. да создаде 100 регионални т.н. Живи лаборатории и светилници (Living labs and Lighthouses), кои ќе служат како центри за ширење на знаење и иновации, заеднички креирајќи и тестирајќи практики и решенија за подобрување на здравјето на почвата.

Проектот NATI00NS има за цел да помогне во спроведувањето на гореспоменатата мисија, пренесувајќи клучни пораки за подигнување на свеста, како и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и ги имплементираат своите идеи за подобрување на здравјето на почвата. Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење ЈЕС ФОР ЛЕС стапи во партнерство со Земјоделскиот Институт - Скопје која е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза на тема почви и одржливи земјоделски практики, за да направи заеднички напори да ја информира и едуцира јавноста за овие теми.

За кого е наменет настанот?

Истражувачи и експерти, земјоделци, претставници од граѓански здруженија и бизнис секторот, како и поединци кои имаат зелени бизнис идеи, локални заедници, студенти, владини претставници и сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на тема почва и да се информираат за мисијата „Договор за почвата за Европа“ и проектот NATI00NS, како и можностите за финансирање.

Содржина на настанот

Настанот има едукативен и информативен карактер, а исто така нуди и можност за поврзување меѓу претставници од различни засегнати страни. После поздравните говори со кои ќе се даде краток осврт на состојбата на почвите во Македонија, гостите-експерти од Институтот BioSense (Србија) подетално ќе ја објаснат мисијата и проектот, а ќе дадат и насоки за концептот и критериумите за аплицирање за Живите лаборатории и светилници. Претставник од здружението за социјални иновации АРНО ќе информира за дополнителни можности за финансирање од областа на зелени идеи. Како дел од настанот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Одржливи и неодржливи земјоделски практики кај нас и нивното влијание на здравјето и квалитетот на почвата“ во која ќе учествуваат професори стручни на темата и претставници од бизнис и граѓанскиот сектор кои имаат имплементирано успешни решенија за одржливи практики. После завршување на официјалниот дел предвиден е коктел со можност за неформално вмрежување.

СЛАЈДИ

Агенда

Време Активност/говорник Тема
09:30 - 10:00 Регистрација на учесниците

 

10:00 - 10:15 Отворање на настанот и поздравни говори 

 

10:15 - 11:15 Институт BioSense (Србија)

Објаснување на мисијата „Договор за почвата за Европа“, проектот NATI00NS и можностите за финансирање

11:15 - 11:45 Прашања и одговори и сесија за ангажман на присутните

 

11:45 - 12:15 Кафе пауза    

 

12:15 - 12:30 Ирина Јаневска - АРНО Дополнителни можности за поддршка и финансирање преку натпреварот Зелени идеи
12:30 - 14:00 Проф. д-р. Виктор Ѓамовски - Земјоделски Институт
Д-р. Марија Ѓошева Ковачевиќ - Земјоделски Институт
Горан Балески - Б - органик и Прва органска задруга
Акин Сезер - Sezer’s organic и Здружение „Harvest Cooperative“
Ирина Јаневска - Здружение за социјални иновации „АРНО“
Панел-дискусија „Oдржливи наспрема конвенционални земјоделски практики кај нас: можности, препреки и како тие влијаат на здравјето на почвата“
14:00 - 14:30 Коктел и вмрежување      

 

 

 

National event
-
Europe House Skopje и online пренос (хибриден настан)

Organisers

Biosense Institute
Zemjodelski institut - Skopje
Yes for Less